Top Sport

Неверојатниот план на Сити за Меси „тежи“ 700 милиони евра

Шкотскиот весник „Дејли рекорд“ излезе со наводни детали околу предложениот фудбалски и бизнис план на Манчестер сити за ангажирање на Лионел Меси од Барселона кој вкупно тежи фантастични 700 милиони евра во следните пет години.

Според весникот, Меси, кој останува на своето дека веќе не е фудбалер на Барселона, би поминал три сезони во Манчестер сити, пред да се пресели во другиот клуб на „Сити фудбал груп“ (ЦФГ), МЛС клубот Њујорк сити ФЦ. Исто така, Меси би добил и акции во ЦФГ како дел од договорот, иако е компликувано колку точно вреди компанијата која ја проценуваат на 4.8 милијарди долари и Меси би преферирал кеш.

Според нивните извори, 33-годишниот Меси го избрал Сити поради амбицијата да игра во Премиер лигата и проценката дека таму има најдобри шанси да освои нова титула од Лигата на шампионите под Пеп Гвардиола. Сити од друга страна би го добиле толку посакуваниот фудбалер кого неколку пати се обидоа да го донесат по влегувањето во европскиот фудбал пред 12 години.

Изворите тврдат дека Меси е крајно разочаран од однесувањето на Барселона во минатогодишниот преоден рок, кога сакаше да се обедини со Нејмар, додека клубот наместо тоа го донесе Антоан Гризман. Таткото на Меси, Хорхе Меси исто така со неуспехот за овој трансфер загубил 20 милиони евра и затоа тие не сакале да потпишат ново продолжување на договорот.

Scroll to Top