Top Sport

Берлускони се враќа во фудбалот, ќе го купува третолигашот Монца

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се враќа во фудбалот, најавува „Скај спортс Италија“, и овојпат ќе почне од третата лига – од клубот на Монца.

Берлускони беше долгогодишен сопственик на гигантот Милан, во еден од најуспешните периоди во историјата на „росонерите“, но минатата година го продаде клубот на кинеските инвеститори, кои потоа не ги враќаа долговите и оваа година го загубија клубот, кој сега е во сопственост на американската фондација „Елиот менаџмент“.

Неговата „десна рака“, Адријано Галијани, по продажбата на Милан заедно со Берлускони политички се активираше, но нивната партија Форца Италија имаше слаб настап на последните избори.

Scroll to Top