Монца, клубот чиј сопственик е поранешниот италијански премиер и ексгазда на Милан, Силвио Берлускони на драматичен начин стигна до 3:4 победа на гости кај Пиза по продолженијата, за да обезбеди влез во елитната Серија А првпат во историјата на клубот.
По 2:1 победата во првиот меч од баражот, Монца беа фаворити на гостувањето кај Пиза, но имаа катастрофален старт, откако примија два гола во првите 9 минути од мечот (Торегроса во 1. минута и Хермансон во 9. минута).
Gytkjaer fa 2-2 e si festeggia attorno a Berlusconi e Galliani. #Berlusconi #galliani #Monza #Playoff pic.twitter.com/XHutZu3rSZ
— Ivan Zullo (@IvanZullo) May 29, 2022
Поранешниот член на академијата на Барса, „Ла Масија“, Хозе Мачин успеа да врати надеж кај гостите намалувајќи на 2:1 во 20. минута, за Данецот Кристијан Гиткјер во 79. минута да израмни на 2:2. Но, тогаш Пиза драматично во 90. минута успеа да стигне до 3:2 водство преку Џузепе Мастину, по што мораа да се играат продолженија.
Во нив, ветеранот Лука Мароне во 96. минута повторно израмни на 3:3, пред Гиткјер во 101. минута да зголеми на 3:4 и да го потврди патот на Монца во Серија А.