Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ каде настапува Реал Мадрид се уште е во тек. „Кралскиот клуб“ на својот YouTube канал покажа како напредува работата на легендарниот стадион.
Од Реал се пофалија со реновирањето, а информираа дека тоа ќе трае се до август 2022 година.
Со хронолошки приказ е покажана изградбата на подземен паркинг, но се отстранува и кровот на објектот. Вака, без кров, стадионот наликува на оној од пред 70 години.
Тревникот е поставен, екипата предводена од Зинедин Зидан токму тука ќе ја започне новата сезона во Ла Лига, на 30 септември во мечот против Валјадолид.
Последниот меч пред почетокот на реновирањето беше на 1 март годинава, популарното „Ел Класико“. Во меѓувреме Реал по рестартот на сезоната домашните мечеви ги играше на тренинг кампот „Велдебебас“.