Top Sport

„Бернабеу“ според новиот план останува без кулите (видео)

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека неговиот клуб влегува во следната фаза на ремоделирањето на нивниот дом „Сантијаго Бернабеу“ со почетен буџет од 400 милиони евра.

Обновата ќе трае до 2022 година, и со планот ќе се постави нов подвижен покрив, кој ќе го смени надворешниот изглед на арената стара веќе 71 година, додавајќи 12 метри во височина и луксузен хотел во комплексот.

„Работата е многу компликувана, но веќе ги завршивме фазата на урбанизација и одделување на парцели и сега проектот почнува“, вели Перез.

Советот на Мадрид веќе го одобри планот и рушењето на двете кружни кули на западниот дел од стадионот (кои сега му го даваат ликот), со што ќе се обнови дел од 82.000 квадратни метри. Кога ќе се комплетира покрај Бернабеу ќе има јавен парк од 12.000 квадратни метри.

Scroll to Top