Челниците на Јувентус донеле одлука да го стават на трансфер-листата Федерико Бернардески, објавија италијанските медиуми. Бернардески ќе замине бидејќи во Јувентус доаѓа Дејан Кулушевски за чии трансфер клубот издвои 40 милиони евра.
Бернардески зад себе има лоша сезона, настапил на само 18 натпревари, односно одиграл само 796 минути.
Покрај Бернардески Јувентус ќе се ослободи од уште неколкумина фудбалери со цел да го растовари клупскиот буџет, откако стана јасно дека кризата што ја предизвика коронавирусот драстично ќе влијае врз финансиската ситуација.
Интерес за Бернардески има, особено во Италија, но прашање е колкава сума ќе бараат од Јувентус за неговиот трансфер.