Top Sport

Бернардески како слободен играч се пресели во Торонто

Федерико Бернардески е нов играч на Торонто, канадски клуб кој се натпреварува во МЛС лигата. Бернардески пристигна во Канада како слободен играч. Во Торонто им се придружи на сонародниците Лоренцо Инсиње и Доменико Кришито.

Италијанскиот напаѓач пред пет години пристигна во Јувентус за 40 милиони евра од Фиорентина. Во Торино веруваа дека Бернардески ќе стане еден од главните играчи на клубот, но тој не ги оправда очекувањата и на крајот Јувентус реши да не му го продолжи договорот.

Навивачите во Торонто му приредија големо добредојде.

За италијанската репрезентација одигра 39 натпревари и постигна шест гола, а лани беше европски првак. За Јувентус одигра 183 натпревари, постигна 12 гола и забележа 24 асистенции.

Scroll to Top