Top Sport

Бернардо Силва: Без Модриќ, Крос, Бензема, Реал е ништо, дресот не освојува титули

Португалската ѕвезда на Манчестер сити, Бернардо Силва вели дека неговиот клуб не се плаши од Реал Мадрид пред утрешното прво полуфинале од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

Лани, Сити беа елиминирани токму од Реал Мадрид во полуфиналето, кога тимот на Пеп Гвардиола прими три гола во финишот на мечот на реваншот на „Бернабеу“. По сензационалниот прв меч на „Етихад“, кој Сити го добија со 4:3, тие имаа предност до последните минути во Мадрид, кога Родриго постигна два гола во две минути за продолженија, во кои Карим Бензема од пенал ја донесе победата.

„Да, имаме респектт за нив, но ниту малку страв. Зошто би се плашеле? Мораме да го задржиме моментот кој го изградивме последните два месеци и да бидеме сигурни дека можеме да ги победиме, знаејќи дека ја освоија ЛШ со причина лани. Не се работи за грбот на дресот. Ако Мадрид ги немаа Модриќ, Крос, Винисиус, Бензема, сите нив, тогаш нема да освоеја ништо, бидејќи дресот не освојува титули. Би биле глупави да не ги респектираме, знаејќи како загубивме лани, но оваа година одиме на победа“, вели Бернардо Силва.

Scroll to Top