Top Sport

Димитријевиќ со 15 поени, Уникс израмни на 1:1 во финалето на ВТБ лигата

Уникс Казан израмни на 1:1 во финалето на руската ВТБ лига, откако со 79:76 во Казан ги совладаа Локомотив Кубан, во меч во кој македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ заврши со 15 поени.

Во тесен меч, Уникс имаше максимална предност од 10 поени, за на крајот да стигнат до неизвесен триумф. Џејлен Рејнолдс имаше 19 поени за Уникс, Најт Маркос имаше 17, а Димитријевиќ заврши со 15. Кај тимот на Локомотив, Девон Акун-Персел беше најефикасен со 17 поени.

Третиот меч се игра на 11 мај во Краснодар.

Scroll to Top