Top Sport

Бернардо Силва одлучил да остане во Манчестер Сити

Бернардо Силва долгорочно ќе остане во Манчестер Сити. И покрај тоа што размислуваше за преселба во Барселона, на крајот одлучил да остане на „Етихад“.

Фудбалерот од средниот ред веќе ја соопштил својата одлука на раководството на шампионите на Англија и Европа.

29-годишниот Силва ќе ја прифати понудата за продолжување на договорот со „граѓаните“.

Менаџерот Пеп Гвардиола, одигра исклучително важна улога во донесувањето на оваа одлука, тврди „Мундо Депортиво“.

Актуелниот договор на Бернардо Силва е до летото 2025 година. Португалскиот репрезентативец и поранешен играч на Монако и Бенфика е проценет на над 80 милиони евра.

Scroll to Top