Top Sport

Бернардо Силва признава дека не знае дали ќе остане во Сити

Бернардо Силва признва дека не знае дали ќе остане во Манчестер сити до крајот на преодниот рок, зборувајќи отворено за својата иднина во интервју за „ЕСПН“ по големиот број на шпекулации за трансфер во Барселона.

Каталонците не кријат дека го сакаат Португалецот, а и Пеп Гвардиола изјави дека не знае дали тој ќе биде дел од тимот во новата сезона.

„Секогаш сум велел дека сум среќен тука, но не знам што ќе се случи. Ќе видиме. Мојот однос со клубот е искрен и отворено им ги кажувам работите. Ако останам, ќе бидам среќен и ќе го почитувам мојот клуб. Ако не останам, тогаш тоа е фудбалот и ќе видиме што ќе се случи. Во Сити секогаш ни велат дека ако некој не е среќен, може да замине. Секако, ова е бизнис и тие сакаат вистинска сума на пари, но лично тимот секогаш имал голема почит кон сите фудбалери“, вели Силва.

Scroll to Top