Top Sport

Мурињо го стопирал трансферот на Ѕаниоло во Тотенхем

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо не дозволил неговиот поранешен клуб, Тотенхем да го купи Николо Ѕаниоло, иако премиерлигашот се имал договорено со „волчицата“, тврди „Кориере дело спорт“.

Околу иднината на Ѕаниоло има шпекулации цело лето, и Тотенхем беа најзаинтересирани за договор со младиот Италијанец, кој би добивал 4.5 милиони евра годишна плата на договор со позајмица со обврска за купување. Но, според италијанскиот весник, Мурињо го блокирал трансферот, а во исто време Ѕаниоло бил убеден да остане по фантастичниот прием кој го доби од навивачите на пријателскиот меч со Шахтјор на „Олимпико“.

По ова, Рома наводно побарала 50 милиони евра за трансферот, без позајмици со услови, додека Тотенхем имале уште една понуда со Танги Ндомбеле како бонус, но „волчицата“ повторно ја одбила понудата.

Scroll to Top