Ѕвездата на Манчестер сити, Бернардо Силва тврди дека португалската репрезентација нема да чувствува дополнителен притисок поради тоа што игра против наводно послаба репрезентација како Македонија, посочувајќи на стилот на игра на нашата репрезентација.
„Тие победија четири од последните пет гостувања во квалификациите за Светското првенство, од кои двапати против џинови како Германија и Италија и тоа кажува многу. Се работи за агресивен тим, кој ќе постави притисок и ќе пристигне со голема сасмодоверба. Но, за нас притисокот секогаш постои бидејќи не се работи за ривалот, туку за одење на Светско првенство. Мораме да бидеме во Катар и да не ги разочараме нашите фанови“, објасни Бернардо Силва на прес-конференција пред мечот.
Жоао Мутињо, признава, дека сите во тимот очекувале дуел со Италија.
„Нема да лажам, очекувавме дека противникот ќе биде Италија. Но, денеска фудбалот е поинаков, секој тим може да победи на ова ниво, без разлика на имињата, бројките или статистиката. Тие имаат силен состав и ќе се обидат да ни го загорчат животот во вторник“, вели Мутињо.
Bernardo Silva avisa: "Tendo tido a capacidade de bater Alemanha e Itália…" https://t.co/RCQ9u14RIN
— O Jogo (@ojogo) March 27, 2022