Top Sport

Бес и незадоволство: За нас вакви пенали не се судат

Реал Мадрид го победи Ваљадолид со 2:0 на гостински терен во 15. коло од Ла Лига. Избраниците на Карло Анчелоти мораа навистина да се помачат за да го скршат отпорот на домаќините. Поведоа дури во 83. минута со голот на Карим Бензема од пенал, кој беше досуден по интервенцијата на ВАР. Хавиер Санчез, кој беше свртен со грб, во скокот играше со рака откако топката беше пренасочена кон голот по корнерот.

Санчез немаше намера да ја игра топката, па домашните фудбалери сметаа дека пеналот не требало да биде досуден.

Поради жестоки приговори црвен картон доби Серхио Леон, а со него се согласува и тренерот на Ваљадолид, Пачета, кој во изјавата по натпреварот рече дека „нема да молчи“.

„Уморен сум, огорчен сум. Го погоди во раката. И на „Сан Мамес“ имаше таква ситуација, но тогаш не судеа пенал за нас. Судете го секое играње со рака, тогаш ќе знаеме каде одиме. Но, дали луѓето навистина знаат што е неприродна положба на раката? рече Пачета, а потоа додаде:

„Ако скокате со четворица играчи, исто така сте неурамнотежени. Зборувам за тоа работуре да бидат поштени, да бидат фер. Она што сакам е и тие да го судат истото за нас, бидејќи не го судат. И сега Морам да молчам? Па, нема да молчам!“

Scroll to Top