Top Sport

Бес и шок во Дортмунд – фановите на БВБ се обидоа да влезат на теренот (видео)

Фановите на Борусија Дортмунд се обидоа да влезат на теренот на „Сигнал Идуна парк“ по 4:4 ремито во дербито со Шалке, во меч во кој домаќините водеа со 4:0 по 30-тина минути игра.

Полицијата мораше да интервенира да ги спречи навивачите кои ја скршија заштитната ограда, а дел од навивачите на Дортмунд се обидоа да стигнат и до гостинските навивачи.

Борусија стана само вториот тим во историјата на Бундеслигата кој дозволил кам-бек по 4:0 водство – тоа му успеало на Баерн Минхен во 1976 година кога од 0:4 се вратиле за 6:5 победа.

Овој резултат сигурно ќе го зголеми притисокот на тренерот на Борусија, Холанѓанецот Петер Бос, откако од крајот на септември имаат само една победа, над Магдебург, германскиот третолигаш во ДФБ купот минатиот месец.

Борусија како Ливерпул – од 4:0 на 4:4 (видео)

 

Scroll to Top