Top Sport

Норвешките скокачи повторно доминантни

Норвешка покажа дека има доминантен тим во ски скокови, откако стигнаа до четврта последователна победа во Светскиот куп (две на крајот на минатата сезона и две оваа сезона), по триумфот во Рука, Финска.

Квартетот Роберт Јохансон, Андерс Фанемел, Даниел Андре Танде и Јохан Андре Форфанг собраа 1.184,2 поени, за убедлива победа пред Германија и Јапонија, која ја остави Австирја без подиум.

Норвешка сега има 909 поени во Купот на нации, 134 поени пред Германија, додека Австријците се трети. Следното тимско натпреварување е во германскиот Титизе-Нојштад следниот месец. Утре на програмата е индивидуалното натпреварување во Рука.

Scroll to Top