Top Sport

Бесар Гуџуфи потпиша четиригодишен договор со Бешикташ

Македонскиот младински репрезентативец Бесар Гуџуфи потпиша професионален договор со турскиот гигант Бешикташ. Младинецот на Вардар кој сениорски фудбал заигра во Беласица и брзо замина во Бешикташ, сега потпиша четиригодишен договор со клубот од Истанбул.

„Нашиот клуб потпиша професионален договор со Бесар Гуџуфи, играчот за врска од Македонија, роден 2004 година. Успех му посака генералниот директор и спортски директор на Академијата на Бешикташ, Џејхун Казанчи, со кого се сретна во канцелариите на клубот“, се вели во соооштението на Бешикташ.

Гуџуфи е еден од најголемите македонски фудбалски таленти, израсна во академијата на Вардар, а во сениорска конкуренција заигра за Беласица, од каде се пресели во турскиот Бешикташ.

Scroll to Top