Top Sport

Беше последен во Бундеслигата, па доби отказ. Сега има нов клуб и повторно е последен

Германскиот фудбалски стручњак Томас Рајс (49) е нов тренер на Шалке, објави клубот од Гелзенкирхен на својата официјална веб-страница. Рајс на клупата ќе го наследи Френк Крамер, кој по само четири месеци, поради лошите резултати, доби отказ.

Во последните три години Рајс го предводеше Бохум, а во септември остана без работа по лошиот старт на сезоната, откако тимот се најде на последното место во Бундеслигата. Вкупно, тој го предводеше тимот на Бохум на 112 натпревари, со скор 50-21-41.

Тимот од Гелзенкирхен моментно е на последното место во Бундеслигата со шест бода.

„Предизвикот е несомнено голем, но јас сум цврсто убеден дека го имаме потребниот квалитет во тимот заедно да ја постигнеме нашата голема цел“, изјави тој за клупската веб-страница.

Scroll to Top