Top Sport

Бешикташ го доби шампионот Галатасарај (видео)

Бешикташ го доби големото истанбулско дерби, откако на „Водафон парк“ со мининални 1:0 го совлада актуелниот турски шампион Галатасарај за да го продолжи лошиот старт на сезоната на тимот на Фатих Терим.

Човек на одлука беш Умут Најир, кој во 69. минута одлично налета со глава на топката на Еркин за да го совлада Муслера на голот на Галатасарај.

Со победата Бешикташ се искачи на осмото место на табелата со 12 поени, само еден помалку од Галата, кои се на 9. место со 13 поени. Неочекувани лидери во Турската Суперлига се Аланијаспор со 18 поени, пред Фенербахче со 17.

Scroll to Top