Актуелниот тренер на Бешикташ, Шенол Ѓунеш, поднесе оставка на функцијата по разочарувачкиот пораз од Лугано во второто коло од групната фаза во Конференциската лига.
Лугано победи со резултат 3:2, иако до 80. минута, Бешикташ имаше предност од два гола. Бешикташ од 61.минута играше без исклучениот Валентин Розие. Победата на Лугано му ја донесе автоголот на стоперот Ерик Баи.
Ѓунеш претходно дојде во Бешикташ во октомври 2022 година, кога го започна вториот мандат во клубот, кој го водеше од 2015 до 2019 година. Работеше и како селектор на Турција, во Бурса, Трабзон, Сеул, Сакари и Анталија.
Бешикташ моментално е четврти на табелата во Супер лигата со 13 бода по седум кола, додека Фенербахче е лидер со максимални 21.