Top Sport

Бешикташ победи против Галатасарај (Видео)

Истанбулското дерби помеѓу Бешикташ и Галатасарај, кое се одигра во 14.коло во турското првенство им припадна на домаќините со 1:0. Бешикташ ја запиша седмата победа во сезоната и според бројот на бодови се израмни со Галатасарај на третата позиција на табелата.

Дербито го реши српскиот репрезентативец Адем Љајиќ, кој во 18.минута реализира удар од белата точка.

https://twitter.com/besiktas1903Mp/status/1069308713092161541

Тензичниот натпревар го судеше еден од најдобрите светски судии Сунеј Чакир, кој во финишот на првото полувреме пропушти да досуди пенал за Галатасарај.

Лидер во Турција е Басакшехир со 30 бода, Касимпаша со натпревар помалку се на 25 бода, а потоа следуваат Галатасарај и Бешикташ со по 24 бода.

Scroll to Top