Top Sport

Македонските кошаркари го решија Косово

Македонската кошаркарска репрезентација, вечерва, во рамките на втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство, го совладаа Косово со 78:68 (29:16, 10:19, 22:12, 17:21).

Најдобрите кошаркари осцилираа во првото полувреме, кое го отворија со фуриозната игра во првата четвртина кога постигнаа 29, а примија 16 коша, но во втората, кога не функционираше нападот, му дозволија на противникот да ја намали разликата на четири коша.

Сепак, изданието во третиот период, кој го добија 10 поени им овозможи мирен влез во решавачкиот период.

Македонија го задржа максималниот ефект, има три победи и во февруари во Романија ќе треба да го завери првото место на табелата. За такво нешто Македонија може да си дозволи и пораз но тој не смее да биде поголем од 14 поени.

Четворица кошаркари во победата над Косово постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Трајковски со 23, Витингтон постигна 15, Војдан Стојановски 14, а неговиот брат близнак Дамјан 10 поени.

Scroll to Top