Бешикташ се надеваат дека ќе го добијат Маруан Фелаини од Манчестер јунајтед, потврди член на бордот на турските шампиони.
Договорот со играчот од средниот ред му завршува на крајот на сезоната, и Белгиецот пред стартот на сезоната беше поврзуван со друг турски клуб, лутите ривали на Бешикташ, Галатасарај.
Шпекулациите се вратија кога се појавија фотографии од Фелаини во Истанбул, меѓутоа подоцна се утврди дека тоа е братот на Фелаини, Мансур, со кого се многу слични. Сега, Метил Албајрак, член на извршниот одбор на Бешикташ, потврди дека клубот го следи 29-годишниот Белгиец.
„Фелаини е на нашата листа, и направивме неколку напори да го обезбедиме неговиот потпис. Нашиот клуб има големи планови за Турција и за Европа, така што мора да има преговори. Сакаме засилувања во зимскиот преоден рок или на лето“, изјави Албајрак.