Top Sport

Бесконечна летна приказна – Интер повторно во „лов“ на Лукаку

Една од најбизарните трансфер-приказни ова лето, секако е таа на Ромелу Лукаку и обидот Интер да го донесат белгискиот напаѓач.

„Нераѕурите“ цело лето се обидуваат да ги убедат Манчестер јунајтед да го продадат Белгиецот или да го дадат на позајмица, а сега според „Скај спорт Италија“ и другите италијански медиуми, агентот на Лукаку денеска ќе биде во Лондон во последен обид да се дојде до договор.

Интер претходно понуди 60 милиони евра плус бонуси, но Јунајтед остануваат на цената од 85 милиони евра, одбивајќи ги обидите на Интер да вклучат некој фудбалер (Мауро Икарди) во договорот.

Според италијанските извори, целта на агентот Федерико Пастерело е да биде посредник во име на Интер и да ги дознае последните ставови на Јунајтед, пред претседателот Стивен Жанг да ја даде конечната понуда, но само ако биде договорено.

И Јувентус уште се заинтересирани за 26-годишниот Лукаку, но би сакале да го продадат Пауло Дибала за да ги обезбедат финансиите. Лукаку во меѓувреме тренира со својот поранешен клуб Андерлехт во обид да ги примора „ѓаволите“ на продажба.

Scroll to Top