Top Sport

Левандовски се налути: Донесете засилувања во Баерн!

Полскиот ас Роберт Левандовски побара од тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач и од управата на баварскиот гигант да донесат барем три засилувања пред крајот на преодниот рок, бидејќи смета дека сегашниот состав не е доволно силен.

Ветераните Франк Рибери и Арјен Робен заминаа по крајот на нивните договори, Хамес Родригез се врати во Реал Мадрид, и Левандовски смета дека тие мора да бидат заменети доколку Баерн сака да ги заддржи Борусија Дортмунд зад нив во Бундеслигата.

„Мислам дека ни се потребни тројца нови фудбалери. Загубивме тројца напаѓачи со Рибери, Робен и Хамес и досега нема докажани засилувања“, вели Левандовски за „Билд“.

Баерн беа поврзувани со трансфер на Лирој Сане од Манчестер сити, но ова би ги чинело повеќе од 130 милиони евра, но и тој да пристигне на „Алијанц арената“, Левандовски смета дека не би бил доволен. Баерн го донесоа младиот Фиете Арп од Хамбург и дефанзивците Бенжамин Павар и Лукас Ернандез.

„Дури и да дојде Сане, потребно ни е уште едно крило. Можеби број 6 или централен напаѓач. Ако сакате да играте цела сезона со само 13 или 14 докажани професионалци ќе биде тешко. Имаме 50-60 натпревари во текот на сезоната“, вели Левандовски.

Scroll to Top