Top Sport

Бескрвно реми без голови, Манчестер јунајтед го обезбеди второто место (видео)

Во финишот на англиската фудбалска сезона, во Премиер лигата речиси сѐ е јасно, така што не изненадува бескрвното 0:0 реми меѓу Вест Хем јунајтед и Манчестер јунајтед на „Лондон стадионот“.

На Манчестер јунајтед и поенот на гостувањето во Лондон беше доволен да се обезбеди второто место во ПЛ зад шампионите Манчестер сити, додека Вест Хем, откако обезбеди опстанок пред неколку кола, сега е на 15. место со 39 поени.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо неколку пати во финишот на сезоната посочуваше дека е важно да се освои второто место пред Ливерпул, Тотенхем и Челси, но навивачите на „ѓаволите“ тешко дека можат да се задоволни од сезоната, но и од играта на нивниот тим.

Scroll to Top