Top Sport

Бескрвно реми меѓу тимовите на старите познаници Инзаги и Гатузо (видео)

Болоња и Милан одиграа досадно реми без голови во последниот меч од 16. коло во Серија А, кое претставуваше и средба на двата поранешни соиграчи, тренерот на домаќините Филипо Инзаги и тренерот на гостите, Џенаро Гатузо.

На „Ренато Дал’Ара“ немаше голови, и од резултатот треба да бидат позадоволни Болоња, иако Милан во последните 15 минути играа со играч помалку по вториот жолт картон на Тимуе Бакајоко.

Милан останува на четвртото место со 27 поени, пет помалку од Интер на третата позиција, но и два пред Лацио на петтото место. Болоња е во опасната зона, на 18. место со само 12 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top