Top Sport

Победничката низа на Борусија заврши во Диселдорф! (видео)

Фуриозниот старт на сезоната на Борусија Дортмунд „заглави“ во Диселдорф, каде што Фортуна стигна до неверојатна 2:1 победа над лидерите на Бундеслигата за прв пораз во 16. коло од новата сезона.

Се очекуваше „милионерите“ на Лусиен Фавр да немаат проблем со тимот кој се бори за опстанок во лигата, меѓутоа Фортуна дојде во водство во 22. минута преку Доди Лукебакио кој избега на одбраната на гостите, пред во 56. минута, Жан Цимер да го постигне можеби најубавиот гол оваа сезона во Бундеслигата за водство од 2:0. Борусија успеа да намали на 2:1 преку фантастичниот оваа сезона, Пако Алкасер, но трите поени останаа во Диселдорф.

Овој „кикс“ на Борусија го искористи тимот на Борусија Менхенгладбах, кој по сигурната 2:0 победа над Нирнберг се доближи на само шест поени зад лидерите. Баерн Минхен утре може да го направи истото од третото место, доколку го победи РБ Лајпциг.

Фото: ЕПА

БУНДЕСЛИГА, 16.КОЛО

Борусија Менхенгладбах – Нирнберг 2:0

Фортуна Диселдорф – Борусија Дортмунд 2:1

Херта Берлин – Аугзбург 2:2

Волфсбург – Штутгарт 2:0

Scroll to Top