Top Sport

Бесните навивачи на Јунајтед влетаа и на „Олд Трафорд“!

Стотина навивачи на Манчестер јунајтед влетаа на теренот на „Олд Трафорд“ пред дербито против Ливерпул во знак на протест против американските газди на клубот.

Ова се случи откако претходно повеќе навивачи го блокираа влезот на хотелот „Лаури“ каде што беа сместени фудбалерите на Јунајтед, додека фудбалерите на Ливерпул се ов својот тимски хотел заштитувани од полицијата.

Фановите викаа „Глејзери аут“ и „Јунајтед, јунајтед“, но неколку минути подоцна излегоа од стадионот, така што се очекува тој да стартува во предвиденото време во 17.30 часот.

Претходно неколку илјади фанови се појавија пред „Олд Трафорд“ со пиротехника, банери и чадни бомби.

Илјадници навивачи на Јунајтед на протест пред „Олд Трафорд“, го „зачадија“ и автобусот

Scroll to Top