Top Sport

Бесот на Баерн искален над Унион Берлин

По зарамувачкиот 5:0 пораз од Борусија Менхенгладбах во германскиот куп, Баерн Минхен се врати со сопствена „петарда“, победувајќи ги Унион Берлин на гости со 2:5 за да ја заддржат предноста во Бундеслигата од еден поен пред Борусија Дортмунд, кои дома со 2:0 го совладаа Келн.

Гол-шоуто го почна Роберт Левандовски од пенал во 15. минута, за седум минути подоцна Полјакот да зголеми на 0:2. Лирој Сане во 35. минута стрелаше за 0:3, пред Гислеман во 43. минута да намали на 1:3.

Кингсли Коман во 61. минута даде уште еден гол за Баерн, но Унион врати преку Рајерсон во 65. минута, пред Томас Милер во 79. минута да ја запечати победата.

Торген Азар и Штефен Тигес беа стрелци за „милионерите“ за победа од 2:0 над Келн, додека Фрајбург успеа да остане на третото место на табелата со 3:1 победа над „отпишаните“ Гројтер Фирт.

БУНДЕСЛИГА, 10.КОЛО

Арминија Билефелд – Мајнц 1:2

Баер Леверкузен – Волфсбург 0:2

Борусија Дортмунд – Келн 2:0

Фрајбург – Гројтер Фирт 3:1

Унион Берлин – Баерн Минхен 2:5

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top