Top Sport

Бетис го отпуштија Руби по мизерната форма

Реал Бетис потврдија дека го отпуштаат својот тренер Руби и го заменуваат со Алексис Трухилјо по саботниот 1:0 пораз од Атлетик Билбао.

Со овој резултат, Бетис се наоѓа во можна борба за опстанок, бидејќи се на 14. место на табелата од Ла лига, откако во 10 натпревари имаа само еден поен. Трухилјо, кој има над 300 одиграни натпревари за Бетис, досега беше спортски координатор на клубот и ќе остане до крајот на сезоната.

Бетис инвестираа многу пари во својот состав последните сезони со амбиција за висок пласман – оваа сезона го донесоа Џовани Ло Селсо за 23 милиони фунти (иако подоцна го продадоа на Тотенхем), како и Борха Иглесијас од Еспањол (25 милиони фунти) и Набил Фекир од Лион.

Во трите меча по рестартот на лигата, Бетис загуби од Севилја и Билбао и одигра 2:2 со Гранада.

Scroll to Top