Реал Бетис во саботата го освои Кралскиот куп, победувајќи ја Валенсија со 5:4 на пенали во Севилја, откако трилерот заврши 1:1 по продолженијата.
Јунус Муса од Валенсија го утна својот обид, по што Хуан Миранда стрелаше сигурно за Бетис да го освои својот четврти трофеј во 115-годишната историја на клубот. Во регуларнито дел, Борха Иглесијас ги донесе Бетис во предност, пред Хуго Дуро да израмни пред полувремето, по што двата тима не успеаја да дадат гол во второто полувреме, ниту во двете продолженија.
Хоакин, 40-годишното крило на Бетис, кој дебитираше за клубот како тинејџер во 2000, и играше во финалето пред 17 години, влезе во 86. минута од мечот и постигна гол во пенал-серијата во фантастичен крај на кариерата.