Top Sport

„Тешкашките“ шампиони Фјури и Нгану ветија меѓусебна пресметка

Тајсон Фјури, по одбраната на ВБЦ титулата во тешка категорија пред 94 илјади фанови на „Вембли“, тврди дека следен противник ќе биде УФЦ шампионот во тешка категорија Френсис Нгану во „мешан“ меч.

Фјури го нокаутираше Вајт во шестата рунда во Лондон, во тоа што го нарече негов последен боксерски меч, но неколку минути подоцна, во интервју покрај Нгану, двајцата се согласија дека ќе се борат.

„Тој е дознае кој е најопасниот е.ач на планетата“, му порача Фјури на Нгану.

Самиот Нгану, по победата над Сирил Ган во јануари, изјави дека негов следен чекор е боксот, по што си размени пораки со Фјури. Нгану уште е под договор со УФЦ, така што е тешко да се верува дека мечот би можел да се оддржи во 2023 година, додека многу боксерски фанови сметат дека Фјури нема да се пензионира и дека го чека победникот од ри-мечот Ентони Џошуа-Олександер Усик за борба за обединување на титулите.

Scroll to Top