Top Sport

Бетис повторно се засили – Борха Иглесиас е втор најскап фудбалер во историјата на клубот

Реал Бетис го обезбеди доаѓањето на напаѓачот Борха Иглесиас, откако ја платија неговата откупна клаузула од 28 милиони евра за тој да замине од Еспањол по само една сезона.

Ова е уште еден чекор напред во неверојатната кариера на Иглесиас, кој до минатата сезона повеќе играше во второлигашки клубови, но со Еспањол постигна 17 голови и помогна тимот да се квалификува во европските купови првпат по 12 години.

Во Севилја, тој ќе работи со тренерот Руби, кој исто така замина од Еспањол за да помогне на Реал Бетис, кои беа само 10. во Ла лига. Тој е најскапото засилување за Бетис по повеќе од две децении, и од него е поскап само Бразилецот Денилсон, за кого во 1998 година платија 31.5 милиони евра.

Бетис потрошија 67 милиони евра во летниот преоден рок, носејќи го Небил Фекир од Лион (19.5 милиони евра) и напаѓачот Хуанми од Реал Сосиедад (8 милиони евра).

Scroll to Top