Top Sport

Бетис со порака до Меси: Лео, немој да брзаш со враќањето!

Лионел Меси се врати на тренинзи денеска за да ги зголеми шансите да се врати и во составот на Барселона откако го „прескокна“ првото коло и поразот од 1:0 од Атлетик Билбао поради повреда на потколеницата. Ова не им се допадна многу на Реал Бетис, следниот противник на Каталонците во Ла лига.

Клубот од Севилја преку официјалниот Твитер профил ја споделија веста за враќањето на Меси на работа и искрено му порачаа: „Немој да се брзаш Лео. Нема потреба да форсираш враќање“.

Инаку, на последниот меч помеѓу двата клуба, Меси постигна хет-трик.

Scroll to Top