Top Sport

Лукаку: Тие мислат дека ние сме глупави…

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, открил дека се чувствувал непожелен на „Олд Трафорд“ и дека поради тоа решил да го напушти Манчестер Јунајтед. Лукаку пред десетина дена за сума од 80 милиони евра се пресели во Интер, а до реализицијата на трансферот тој тренираше со својот поранешен тим Андерлехт.

„Имаше многу ситуации во кои се чувствував незаштитено. Се зборуваше дека ќе одам во еден или друг тим, дека повеќе не ме сакаат во Јунајтед…Никој од клубот не сакаше да стави крај на тие гласини. Чекав некој да стави крај на озборувањата, но тоа не се случи“, рекол Лукаку.

„Јас само сакав некој да излезе и да каже дека јас ќе се борам за својата позиција во тимот. Меѓутоа сите пишуваа дека ја не го заслужувам местото во Јунајтед. Тогаш решив да заминам“.

26 годишниот напаѓач пред новинарите не ја криел својата фрустрација поради медиумските написи.

„Кој ги дава тие информации? Знам дека тоа не е мојот менаџер…Ние не сме глупави, иако многумина не го мислат тоа. Знаеме кој им дава информации на медиумите“, рекол Лукаку и проговорил за случаите со Пол Погба и Алексис Санчез.

„И беше потребен виновник. Тоа вообичаено бевме јас, Пол или Алексис“, заклучил Белгиецот.

Scroll to Top