Фудбалскиот клуб Бетис ќе му пружи уште една, последна шанса, на тренерот Хуан Франсеск Ферер или скратено Руби. Бетис во четвртокот загуби во градското дерби од Севилја со 2:0. Доколку Руби сака да остане на работното место неговиот тим мора да ја победи Гранада.
Бетис играа променливо оваа сезона, во 28 натпревари освоија само 33 поени поради што се наоѓаат на 13 место на табелата. Тимот од „Бенито Вилјамарин“ стадионот досега има забележано 11 порази.
Руби минатото лето на клупата го наследи Кике Сетиен, 50 годишниот тренер кариерата ја започнал во 2001 година. Меѓу другите ги тренирал Џирона, Валјадолид, Леванте, Уеска, Еспањол…
Бетис ќе ја пречека Гранада на 15 јуни.