Поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка открил зошто се задржал во Реал само една сезона. Анелка во 1999 година за 25 милиони евра од Арсенал се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
„Потрошивме многу пари. Реал фрли во ветер 25 милиони евра за него бидејќи беше донесен како голема ѕвезда. Еднаш влезе во соблекувалната и на сите им кажа дека никој не не слави кога тој ќе постигне гол. Потоа неколку дена го немаше на тренинзите поради што клубот мораше да го казни“, рекол поранешниот тренер на Реал, Винсенте дел Боске.
Анелка тврди дека од првиот ден неговиот живот во Реал бил тежок.
„Бев натрапник, многу луѓе не сакаа да потпишам со Реал. Во прашање беа шпанските фудбалери, пред сите Раул и Јеро. Кога дојдов во Реал и му го зедов местото на Раул започнаа проблемите“, рекол Анелка.
Николас Анелка потоа играл во Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Фенербахче, Болтон, Шангај, Јувебтус, ВБА и Мумбаи каде во 2015 година ја заврши кариерата.