Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски не беше во составот на Рајо Валјекано, а неговата замена, 40-годишниот Диего Лопез имаше кошмарно прво полувреме за неговиот клуб да загуби со 3:1 од Алмерија, клуб кој немаше победено во последните четири кола.
Лопез го „подари“ првиот гол на Аргентинецот Лукас Робертоне по само осум минути игра, а веќе во 17. минута беше 2:0 преку голот на Срѓан Бабиќ. Ужасното прво полувреме беше комплетирано во 39. минута кога Ел Билал Туре зголеми на 3:0. До крајот на мечот, Рајо успеа да врати само еден гол преку Алехандро Катена во 81. минута од мечот.
Со четвртиот пораз од сезоната, Рајо се на 10. место на табелата.