Top Sport

Без Димитриевски, продолжува „црната“ серија на Рајо

Рајо Валјекано, без македонскиот голман Столе Димитриевски во составот, загуби со 2:0 на гостувањето кај Кадиз за шести пораз едноподруго на клубот од мадридското предградие, кој во првиот дел од сезоната беше едно од најпријатните изненадувања.

Со Лука Зидан на местото на Димитриевски, Рубен Алкараз ги донесе Кадиз во водство во 55. минута, за само осум минути подоцна, Усама Идриси да зголеми на 2:0.

По лошата серија, Рајо паднаа на 13. место на табелата со 31 поен, додека Кадиз сега се 18. со 24 поени, само еден поен зад Гранада во првото „безбедно“ место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top