Атлетико Мадрид стигна до рутинска 2:0 победа над Рајо Валјекано во „малото“ мадридско дерби, во кое овојпат на голот на гостите не беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, по позитивниот тест на КОВИД-19.
Со Лука Зидан на голот, Рајо примија гол во 28. минута преку Анхел Кореа, пред Аргентинецот да ја потврди победата во 53. минута од мечот.
За „рохибланкос“ трите поени значеа крај на лошата серија од четири порази едноподруго, и сега ги поминаа Рајо на четвртото место на табелата со 32 поени, далечни 14 зад лидерот Реал Мадрид. Рајо се петти со 30 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore