Top Sport

Без голови на бескрвното Мерсисајд дерби (видео)

Евертон и Ливерпул не успеаја да постигнат голови во дербито на Мерсисајд, откако „вториот“ тим на „Црвените“ успеа да оддолее на своите лути ривали.

Доминик Соланке ја имаше најдобрата шанса за Ливерпул на „Гудисон парк“ откако доби шанса да стартува во тимот на Јирген Клоп, додека Рагнар Клаван го „тестираше“ Лорис Кариус, кој едвај го спаси својот гол.  Прв старт по речиси две години за Ливерпул имаше и Дени Ингс, откако Клоп реши дека е поважно да ги „чува“ играчите за реваншот со Манчестер сити во Лигата на шампионите, а од тимот отсуствуваше и повредениот Мо Салах.

Од другата страна, Евертон и во 15. меч едноподруго не успеа да ги совлада своите градски ривали, а Сем Алардајс го повлече Вејн Руни по еден час игра по слабиот натпревар.

Ливерпул остануваат трети во Премиер лигата со 67 поени ,еден помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед, кој подоцна гостува на „Етихад“ кај градските ривали Сити, додека Евертон се на деветтото место со 41 поен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top