Top Sport

Без голови во Валенсија, Барди одигра 70 минути (Видео)

Фудбалерите на Леванте и Хетафе одиграа 0:0 во првиот меч од саботната програма во Ла Лига. Во тимот на Леванте 71 минута одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Леванте играше подобро од своите противници, имаше и повеќе шанси за постигнување на гол, меѓутоа Роџер Марти, ниту еднаш од трите обиди не успа да го совлада Сорија.

На другата страна играчите на Хетафе постигнаа гол во финишот преку Саиз, меѓутоа ВАР-системот покажа дека стрелецот бил во офсајд.

По 22 натпревари во Ла Лига Хетафе се петти на табелата со 32 бода, а Леванте имаат 27 бода и се на десеттото место.

Scroll to Top