Top Sport

Кикс на Дубравка, гол на Сон, победа за Тотенхем (Видео)

Тотенхем и Њукасл го отворија 25 коло во Премиер лигата. Натпреварот заврши со минимална победа на Тотенхем 1:0. Играчите на Маурисио Покетино ја забележаа третата победа во низа, односно имаат четири победи и еден пораз на последните пет натпревари.

Њукасл по сензационалната победа над Манчестер сити, не успеаја да изненадат уште еден фаворит. Имаа играчите на Рафа Бенитез неколку добри шанси за постигнување на гол, а неколку пати одбраната и Дубравка спречија водство на Тотенхем.

Одбраната на Њукасл попушти во 83 минута кога Хјеон-Мин Сон со голема помош на голманот на Њукасл успеа да го постигне единствениот гол на натпреварот.

Со оваа победа, Тотенхем се искачија на второто место на табелата со 57 бода, еден повеќе од Манчестер сити. „Граѓаните“ утре играат против Арсенал. Њукасл се на 14 место со 24 бода.

Во наредната рунда Тотенхем повторно ќе игра на домашен терен, против Лестер, додека Њукасл ќе гостуваат кај Вулверхемптон.

Scroll to Top