Top Sport

Без Италијанци и Белгијци во идеалниот тим

Во пресрет на утрешната ждрепка за ЕУРО 2020 УЕФА го објави идеалниот тим на квалификациите.

Тимот на УЕФА е во формација 3-4-3. Интересно во него нема ниту еден репрезентативец на Италија и Белгија. Овие две селекции квалификациите ги завршија со максимален број на победи.

Голман:

Пјатов (Украина) – на пет натпревари не примил гол

Одбрана:

Серхио Рамос (Шпанија) – постигнал четири гола, одбраната на пет натпревари не примила гол

Демирал (Турција) – одбраната на Турција на седум натпревари не била совладана

Сигурдсон (Ислан) – постигнал два гола, Исланд на пет натпревари не примиле гол

Среден ред:

Кусулос (Кипар) – постигнал четири гола, освоил 50 топки
Бернардо Силва (Португалија) – три гола, шест асистенции
Вајналдум (Холандија) – осум гола, две асистенции
Захави (Израел) – 11 гола, една асистенција

Напад:

Стерлиг (Англија) – осум гола, седум асистенции
Кејн (Англија) – 12 гола, пет асистенции
Депај (Холандија) – шест гола, осум асистенции.

Scroll to Top