Top Sport

Медиумите тврдат – „синот“ на Мурињо ќе биде тренер на Арсенал

Арсенал во петокот му врачија отказ на тренерот Унаи Емери. Лошите резултати му пресудија на шпанскиот тренер. Арсенал се без победа на последните седум натпревари во сите конкуренции. Клубот објави дека в недела екипата против Норич ќе ја предводи Фреди Љунберг.

Арсенал веќе имале фаворит за тренерската позиција, проблем е што тој кандидат е под договор со друг клуб.

Станува збор за Нуно Еспирито Санто (45) кој го предводи Вулвехемптон.

Англиските медиуми пишуваат дека директорот на Арсенал Раул Санлехи веќе стапил во контакт со Португалецот, кој тренерскиот занает го учел од Жозе Мурињо, поради што некои велат дека Мурињо е неговиот „фудбалски татко“.

Како играч на Порто, под водство на Мурињо, Еспирито Санто ги освоил сите можни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Како тренер работел во Порто и Валенсија пред да се пресели во Англија. Со Вулверхемптон избори пласман во Премиер лигата, а минатата сезона преку првенството се пласира во Лига Европа.

Медиумите тврдат дека Еспирито Санто бил „исклучително“ заинтересиран да седне на клупата на славниот лондонски клуб.

Се шпекулира дека доколку не им успеат преговорите со Португалецот, дека тогаш челниците на Арсенал ќе го контактираат асистентот на Пеп Гвардиола, Микел Артета.

Scroll to Top