Top Sport

Без изненадувања на списокот на Ангеловски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Словенија (10. октомври, Скопје) и Полска (13. октомври, Варшава) од квалификациите за ЕУРО 2020.

Иако е повреден и неизвесно е дали ќе се рехабилитира повик доби и играчот на Леванте, Енис Барди. Од друга страна Егзон Бејтулаи ќе биде во конкуренција за настап само на натпреварот против Полска, бидејќи поради жолти картони ќе го пропушти дуелот со Словенија.

Собирот на македонската репрезентација е закажан на 07. октомври (понеделник) во 12:00 часот во х. „Гранд Плаза“ во Скопје.

Покрај дуелот во Скопје помеѓу Македонија и Словенија (10.октомври 20.45 часот), во истиот термин во рамките на Г-групата ќе играат Латвија и Полска, односно Австрија и Израел.

На табелата води Полска со 13 бодови, пред Словенија (11), Австрија (10), Македонија (8), Израел (8) и Латвија (0).

Scroll to Top