Top Sport

Без изненадувања во ѕвездениот состав на „Селесао“

Бразилскиот селектор Тите ги објави имињата на 23-цата фудбалери кои ќе играат на Мундијалот во Русија, откако уште во февруари најави 16 од тие имиња.

Минатата недела тој доби лоша вест дека десниот бек Дани Алвеш мора да го пропушти Мундијалот, и за неговото стартно место во тимот сега ќе се борат Данило (Манчестер сити) и Фагнер (Коринтијанс).

Како што се очекуваше, Даглас Коста (Јувентус) и Фред (Шахтјор) се вклучени во тимот, а меѓу напаѓачите се и неговиот соиграч Тајсон, Нејмар (ПСЖ), Габриел Жесус (Манчестер сити) и Роберто Фирмино (Ливерпул).

Педро Жеромел ќе ја има последната резервна позиција во одбраната, заедно со Маркињос, Тијаго Силва и Миранда, додека Касио од Коринтијанс е последниот голман кој ќе биде повикан во тимот.

Бразилците ќе се „соберат“ во Гранжа Комари во Тересополис на 21 мај, пред на 27 мај да отпатуваат за Лондон, каде што ќе им биде базата за пријателските мечеви со Хрватска на „Енфилд“ на 3 јуни и против Австрија во Виена на 10 јуни.

БРАЗИЛ

Голмани: Алисон (Рома), Едерсон (Манчестер сити), Касио (Коринтијанс)

Одбрана: Марсело (Реал Мадрид), Данило (Манчестер сити), Филипе Луис (Атлетико Мадрид), Фагнер (Коринтијанс), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (ПСЖ), Миранда (Интер), Педро Жеромел (Гремио)

Среден ред: Вилијан (Челси), Фернандињо (Манчестер сити), Паулињо (Барселона), Касемиро (Реал Мадрид), Филип Кутињо (Барселона), Ренато Аугусто (Пекинг Гуоан), Фред (Шахтјор).

Напад: Нејмар (ПСЖ), Габриел Жесус (Манчестер сити), Роберто Фирмино (Ливерпул), Даглас Коста (Јувентус), Тајсон (Шахтјор).

Scroll to Top