Top Sport

Без изненадувања во составите за мечевите во Лигата на шампионите

Вечерва во Мадрид и Лион ќе се одиграат последните мечеви од првиот круг во рамките на осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид во дербито ќе го пречека Манчестер сити. Ќе биде ова дуел на вторпласираните тимови во своите национални првенства. Тимовите ги предводат тренерските ѕвезди Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола, кои во пресрет на мечот си поделија комплименти.

Шпнаците ги најавија можните состави со кои вечерва ќе настапат двата тима.

Реал: Куртоа – Карвахај, Варан, Рерхио Рамос, Менди – Модриќ, Валверде, Каземиро, Крос – Винисисус Жуниор, Бензема

Манчестер сити: Едерсон – Вокер, Фернандињо, Лапорт, Зинченко – Родри, Де Брујне, Давид Силва – Бернардо Силва, Стерлинг, Агуеро.

Јувентус ја има фаворитската улога во двата натпревари со Лион. Францускиот тим сезонава никако не може да ја стабилизира формата, а против Јувентус ќе играат без својот најдобар играч Мемфис Депај.

Лион: Лопез – Денајер, Марсело, Машал – Дубоа, Гимараеш, Тусар, Ауар, Корне – Екамби, Дембеле

Јувентус: Шчешни – Данило, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро – Рамзи, Пјаниќ, Бентакур – Квадрадо, Дибала, Роналдо.

Scroll to Top