Top Sport

Лампард: Сурова реалност, не чека многу работа

Челси, настапот во Лигата на шампионите оваа сезона ќе го завршат во осмина-финалето. Ова е и повеќе од сигурно по синоќешниот шпораз што го доживеаја на домашен терен од Баерн Минхен (0:3).

Во минатото во фудбалот се случувале сензационални пресврти меѓутоа сигурно е дека ниту најголемите оптимисти во Челси не веруваат дека во реваншот, во Минхен, ќе можат да постигнат четири гола, а да не примат ниту еден.

„Некогаш мора да биде брутално искрен. Не надиграа. Разочаран сум како ние игравме, а ова требаше да биде вистински испит. Ова мораме да го прифатиме, треба да се погледнеме во себе, не во некој друг. Имаме зацртани цели, мораме да чекориме кон нив“, рекол тренерот на Челси, Френк Лампард и дополнил.

„За 90 минути мораме да покажеме повеќе од она што го одигравме. Кога на квалитетни екипи каков што е Баерн ќе му дозволите толку шанси јасно е дека ќе постигнат гол. Ќе се обидеме во реваншот, но јасно е дека не очекува многу работа до крајот на сезоната“.

Scroll to Top